Picture1

ПРАВИЛНИК

за учество на 53-от Државен натпревар

на младите истражувачи од Република Македонија

 

Државниот натпревар на млади истражувачи од Република Македонија е традиционална манифестација, преку која учениците од средното образование во Република Македонија имаат можност да презентираат научно-истражувачки и апликативни резултати од областа на природните науки: астрономијата, биологијата, географијата, информатиката, математиката, физиката, хемијата и нивната примена во: индустријата, енергетиката, сировинската база, производството на храна и комуникациите.

Државниот натпревар на младите истражувачи на Сојузот на здруженијата на младитеистражувачи - Наука на младите се организира и претставува манифестација во системотактивности на Сојузот на здруженијата на младите истражувачи - Наука на младите.

Овааманифестација се одржува во втората половина на месец април.

Организатори на оваа манифестација се Сојузот на здруженијата за техничка култура на Македонија - Народна техника и Сојузот на здруженијата на млади истражувачи - Наука на

младите.

На Државниот натпревар можат да учествуваат натпреварувачи кои се пријавени преку своите училиштата.

Линк до целосниот текст: ПРАВИЛНИК за учество на 53-от Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија

СЗТКМ- Народна техника

Сојузот на здруженијата на млади истражувачи-

Наука на младите

Претседател,

с.р Проф. д-р Љубица Каракашова

e-dnevnik 2

-

erazmus-2