Picture1

Спортска гимназија

Во интерес на придобивка на развојот на образовните сфери на дејствување и следењето на новото време и потребите што ги налага истото, се воведува нова паралелка  спортска гимназија. Со оглед на можностите на градот Пробиштип за искористување на сите постоечки капацитети на спортски објекти со кој располага општината, идејата која потекнува од СОУ„Наум Наумовски-Борче„ од раководниот кадар, за отварање на спортска гимназија е подржана од Советот на општината и Министерството за образование и наука на Р. Македонија и истата реализирана во учебната 2010 /2011година. Од таа учебна година почнува да функционира Спортската гимназија во училишниот центар. Спортската гимназија повторно го враќа духот на училишниот центар да привлекува ученици од другите општини, како што се Кочани, Кратово, Штип, Делчево и други. 

sliki od nova sala 004