Picture1

PB300143На  ден 30.11.2012 година  по повод  3 - декември денот на лица со посебни потреби , средното  училиште ,,Наум.Наумовски.Борче,, во  кординација  со  директорот  на училиштето  Трајко  Трајчевски , во нивна  чест а  на  наше задоволство ги повика децата од дневниот центар и децата од специјалната паралелка од  оу,,Брака  Миладиновци,, како  наши гости  и  посетители  на  новата спортска сала. При  тоа се организираше  и  се овозможи  едно  заедничко  дружење   на  децата од дневниот центар и децата од специјалната паралелка од  оу,,Брака  Миладиновци,, со  учениците   од  трета  година  спортска   гимназија.Тие  зеднички  се дружеа  и заеднички  ги  извршуваа  активностите  за време  на часот во  спортската  сала.Часот  беше  воден  од  професорот  Јонче  Ѓоргиевски  професор  по спорт  и спортски  активности , во  соработка и  со  професорот Перо  Радевски  исто  така  професор  по  спорт  и спортски  активности  во  нашето  училиште. Овој  гест беше резултат  на  добрата воља  од страна  на  директорот  ,  педагошко -психолошката служба  и  професорите    од нашето училиште  за соработка  со  овие   овие деца од  дневниот  центар  и од специјалната  паралелка од оу,, Браќа  Миладиновци ,, и се надеваме дека ќе  продолжи  и во иднина. Овој  значаен  момент  за нив  накрајот  заврши  со  еден  мал  поклон  како  знак  на  внимание  подарен  од страна  на  учениците   од  спортската  гимназија.    

 

e-dnevnik 2

-

erazmus-2